Австралиската параолимпијка Медисон де Росарио го носеше знамето на отворањето на Параолимписките игри во Париз, а нејзиното учество го одбележа голема семејна трагедија.
Имено, таа дознала за смртта на нејзиниот татко утрото по свеченото отворање, но тоа го објавила само неколку дена откако во неделата го освои среброто на женскиот маратон.
Де Росарио (30), легенда на трките со инвалидски колички, рече дека размислувала да се врати во Австралија и целосно да се откаже од Игрите по веста за смртта на нејзиниот татко, но нејзиното семејство ја охрабрило да остане во Париз и да се натпреварува. Таа на крајот освои сребро.
- Тој е одговорен што јас сум личноста што сум. Пораснавме како многу блиско семејство, а тој имаше неверојатно влијание врз мене. Мислам дека како што растеш, почнуваш да сфаќаш кои делови од тебе се всушност твоите родители. Тоа беше комплицирана врска и мислам дека можам да ја видам сосема јасно, сигурна сум дека од него произлегоа многу добри работи за тоа која сум јас како личност и како спортист, истакна таа.
Медисон Де Росарио им кажа на новинарите дека се распаднала во солзи додека го гушкала својот тренер еден ден откако ја дознала веста, не можејќи да ги контролира своите емоции.
- Мислам дека тагата навистина ме погоди кога стресот на трката стана голем. Кога веќе не бев во Австралија со моето семејство, се покажа добро што сум во параолимпиското село со 160 мои најдобри пријатели. Многумина од нив немаа идеја каква недела имам, но тоа се 100 проценти луѓе со кои би сакала да бидам во тешки ситуации. Не можев да побарам ништо подобро, заклучи освојувачката на сребрениот медал во Париз.