Иако поминаа 18 години од смртта на нашата најголема гордост, Тоше Проески, најблиските пријатели и семејството сѐ уште не се помируваат со оваа загуба, која остави вечна болка не само во Македонија туку и на Балканот.
Нивната болка е особено силна за време на посебни датуми, како што се празници или родендени. Да беше жив, Тоше денеска, 25 јануари, ќе го прославеше својот 44 роденден.
Во морето објави, една посебно ја погоди јавноста – фотографијата која ја објави сестрата на Проески, Дора.
Таа на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија од роденденска торта за Тоше Проески, на која има бели крилја и крст, а покрај објавата остави само црно срце.
„Среќен рајски роденден“, „Непрежален“, „Засекогаш во нашите срца“, „Прекрасен Тоше“, „Слава му“, „Ни недостасува на сите“, напишаа луѓето во коментарите, а многумина оставија и расплакани емотикони.