Босанско-херцеговскиот уметник Мидхат Капетановиќ на својот Инстаграм профил објави илустрација во која и оддаде почит на трагично починатата Данка Илиќ од Србија.
„Не сакам да разберам“, напиша тој со илустрација на која се гледаат Вучко, Заги и Победник (симболи на Сараево, Загреб и Белград) клекнати на гробот до кој стојат кукла и две свеќи, во спомен на двегодишното девојче.
„Вашата уметност може да скине срце на милион ситни парчиња“, „Каква тага, а ти ни погоди во душата“, „Невозможно е да се разбере“, коментираат следбениците.
Овој уметник од Сараево е познат по своите трогателни илустрации во кои симболично ги прикажува актуелните настани во светот и регионот.
View this post on Instagram