Согласно ветувањата и Програмата, ние ги зголемивме субвенциите за 50 отсто. Сега субвенцијата за грло овца изнесува 3.000 денари. Дополнително за литар предадено млеко од постојните 6 денари ги зголемивме за 7 денари за литар, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во телевизиско гостување.
-Органските производителите добиваат дополнително 1.500 денари по грло. Работиме да се зголеми сточниот фонд и поради тоа предвидовме мерка за зголемување на основното стадо, секој кој што ќе го зголеми своето стадо за минимум 30% ќе добиe 30% зголемени субвенции, појасни министерот.
Тој додаде дека на околу 4.500 млекопроизводители им се исплатени субвенции. За цела 2024 година им се исплатени средствата.
-Располагаме со квалитетно јагне, коешто е барано надвор од нашите граници. Досега се откупени некаде 120.000 јагниња согласно податоците со кои располагам. Побарувачката на јагниња би требало да заврши во текот на 7 до 10 дена. Се очекува да се откупат дополнително од 8 – 10.000 јагниња, значи дека ќе биде сето откупено, истакна министерот.
Министерот Трипуновски посочи дека според сегашната Програма секој фармер треба да има минимум предадено 50% од јагнињата за да може да биде корисник на основната мерка.
-Ја следиме состојбата и по завршување на откупот, наредниве денови ќе направиме анализа. Ги уверувам фармерите дека секогаш ќе бидеме на нивна страна и ако треба да направиме некоја корекција во делот на Програмата, сигурно ќе ја направиме, нагласи тој.