ТРИПУНОВСКИ: Голем интерес за закуп за државно земјоделско земјиште!

20

До Министерството за земјоделство изминатиот период пристигнале околу 1.600 понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, и 220 понуди за легализација на земјиште над кое има подигнато долгогодишни насади. Според министерот Цветан Трипуновски, овие бројки се доказ дека јавните повици предизвикаа голема заинтересираност кај земјоделците.

Од вкупно 1.600 понуди кои што беа доставени до Министерството, донесени се 982 одлуки за вкупна површина од околу 2.862 хектари. А, за повикот за легализација на насадите од 220 понуди кои што пристигнаа до Министерството, донесени се 160 одлуки за избор со вкупна површина од 380 хектари.

– Во претстојниот период ќе распишеме нови огласи за доделување на државно земјоделско земјиште се со цел да се стави во функција преостанатото земјоделско земјиште на земјоделците и да создадеме услови секој еден граѓанин кој што е заинтересиран да се вклучи во произведството на храна. А, со тоа отвораме нови можности за младите, за сточарите, за сите заинтересирани да се занимаваат со земјоделство – рече Трипуновски.

ИЗДВОЕНИ