Општина Бутел ја започна изградбата на трим-патеката покрај коритото на река Серава. Од локалната самоуправа информираат дека станува збор за најголемиот капитален проект во општина Бутел – изградба на речно корито и трим-патека покрај реката Серава кој граѓаните го чекале повеќе од 40 години.
-Трим-патеката е во должина од 800 метри. На патеката ќе биде поставено смарт осветлување и нови клупи. Покрај тоа, ќе се изгради парк на површина од 5.000 квадратни метри. Во првата фаза се уредува коритото на река Серава во должина од 1.500 метри. Во втората фаза ќе се уреди површина во должина од 300 метри, во населеното место Радишани – соопштија од Општина Бутел.
Општината уредува со камен речно корито во должина од 1.800 метри и за уредување на речното корито, како и за изградбата на трим-патека ќе вложи 65 милиони денари.