Претседателот на Реал (М), Флорентино Перез, испрати јасно предупредување до тројца фудбалери, а причината се игрите кои ги пружаат во последно време.
Перез беше претседател на „кралскиот клуб“ од јули 2000 година до февруари 2006 година, а на оваа позиција се врати во 2009 година.
Станува збор за најуспешниот претседател во историјата на Реал (М), а клубот под негово водство освои дури 37 трофеи. Кога ќе каже нешто, навивачите, играчите и тренерите секогаш слушаат.
Се работи за човек кој е многу немилосрден во пристапот и не се плаши да носи големи одлуки, дури и кога е во прашање доведување нови фудбалери и делење на тренерските откази.
Реал (М) е на врвот од табелата во Ла Лига, но немаше најдобар старт во Лигата на шампионите каде доживеаја пораз од Лил, Милан и Ливерпул.
Иако со многу мака, актуелниот шампион ја оправда фаворитската улога на гостувањето во Валенсија. Четата на Карло Анчелоти тогаш забележа минимална победа од 2:1, но и покрај пресвртот и победата, шпанскиот „Фихајес“ тврди дека претседателот ја анализирал ситуацијата на трите ѕвезди, и им испратил јасно предупредување.
Станува збор за Родриго, Ферландо Менди и Чуамени кои не играат на потребното ниво, но Карло Анчелоти реши да застане на страната на своите играчи и да ги „одбрани“ пред претседателот Перез.
Родриго оваа сезона одигра 21 натпревар, постигна пет гола и забележа четири асистенции.
Кога станува збор за Менди, неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а во последно време на големо се зборува дека тој ќе си замине, а наместо него во Реал (М) ќе дојде Алфонсо Дејвис од Баерн (М).
Чуамени, кој нормално е играч од средниот ред, сезонава на неколку натпревари играше на позицијата стопер. Французинот исто така беше поврзуван со заминување од Мадрид, а Ливерпул наводно доставил понуда од 50 милиони евра за него.