Тројца загинати и осум повредени во тешката сообраќајка на патот Кичево – Гостивар, ОЈО ги истражува причините

130

Се утврдуваат причините за сообраќајната несреќа во која животот го изгубија три лица, информираат од Обвинителството утрово.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на лице место на патот Кичево-Гостивар каде во сообраќајна несреќа меѓу три возила животот го загубија три лица, а осум се повредени.

Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените.

По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија, информираат од Обвинителството.

ИЗДВОЕНИ