Три земјотреси регистрирани ноќеска во Македонија

42

Еден час по полноќ во Македонија се регистрирани три земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала.

Според првичните податоци од Европско-медитеранската сеизмолошка опсерваторија (ЕМСЦ), првиот замјотрес бил најсилен во 1:12 часот, со епицентар во близина на Дојран, на длабочина од 11 километри. По само една минута, на истото место имало помал потрес од 2.2 степени.

Десетина минути подоцна, се затресе и во Скопје, а земјотресот, исто така според првичните информации, бил на длабочина од 13 километри, со јачина од 2.5 степени и епицентар кај граничниот премин „Блаце“ кон Косово.