Израел во неделата објави дека има потврда од Црвениот крст дека ги зел првите заложници од Хамас. Израелската војска сега потврди дека три израелски заложнички се вратени во Израел.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Израелската агенција за безбедност (ИСА) штотуку издадоа ново соопштение, потврдувајќи дека тројцата заложници преминале на израелска територија. Црвениот крст и соопшти на израелската влада дека трите заложнички кои Хамас ги ослободи во неделата се во добра состојба, изјави израелски претставник за Си-Ен-Ен.
„Состојбата на трите заложнички е добра по првичниот лекарски преглед“, рече претставникот на Израел.
Hamas has just handed over the Three Hostages to the Red Cross. pic.twitter.com/4IyAtdrH0T
— OSINTdefender (@sentdefender) January 19, 2025
Договорот за прекин на огнот во три фази меѓу Израел и Хамас следува по неколкумесечни преговори со посредство на Египет, Катар и САД, а беше договорен непосредно пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
Првата фаза ќе трае шест недели, во која 33 од преостанатите 98 заложници, жени, деца, мажи над 50 години, болни и ранети, ќе бидат ослободени во замена за речиси 2.000 палестински затвореници и притвореници.