Почнете да дишете со полни гради: Три зачини се спас за белите дробови кај пушачите: Вклучете ги во менито – дишните патишта ќе ви се отворат како никогаш досега

139

Неодамнешните истражувања покажаа дека конзумирањето на одредени видови храна и пијалоци може да му помогне на телото да ги елиминира штетните материи.

Без разлика дали сте пушач или непушач, треба да ги вклучите овие три популарни зачини за чистење на белите дробови во вашето мени.

Лук

Лукот е познат по многуте лековити и антибактериски својства. Често се нарекува природен антибиотик и средство за чистење на респираторниот тракт. Има и антиканцерогени и антивоспалителни својства и делува против габи и одредени вируси.

Лукот содржи алицин, кој ги уништува инфекциите на респираторниот тракт. Бројни студии покажаа дека е ефикасен за чистење на белите дробови на пушачите и бившите пушачи. Освен што додава ароматичен вкус на многу јадења, најефикасен е кога се јаде сиров. Меѓутоа, луѓето со проблеми со желудникот и дигестивниот систем треба да избегнуваат големи количини лук.

Ѓумбирот

Ѓумбирот, како и лукот, е познат по своите лековити својства и ефикасност во борбата против бактериите и вирусите. Го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето, ја намалува надуеноста, го ублажува воспалението и помага во отстранувањето на токсините од белите дробови и телото, поради што се препорачува на поранешните пушачи. Овој корен со вкус на лимон потекнува од Југоисточна Азија.

Најчесто се користи за подготовка на чаеви или додавање во здрави пијалоци, но може да се користи и како зачин за солени и слатки јадења. Ѓумбирот не се препорачува да се консумира повеќе од два сантиметри парче дневно. Најдобро е да се консултирате со лекар или нутриционист за количината.

Куркума

Вклучете куркума во вашата исхрана – свежа или во прав. Некои истражувања сугерираат дека куркумата помага во чистењето на белите дробови од штетни материи како резултат на пушење или живеење во загадена средина. Исто така, спречува болести на респираторниот систем.

Куркумата традиционално се користи во индиските јадења, за подготовка на „златно“ млеко и разни здрави сокови. За комплетен ефект на антивоспалителните придобивки на куркумата, измешајте ја со малку црн пипер.

ИЗДВОЕНИ