Богдан Богдановиќ веќе извесно време, поточно од 25 јануари и натпреварот против Торонто, нема настап за тимот на Атланта, па токму поради тоа, многу медиуми се убедени дека е пред трејд во наредните неколку дена.
Некои тврдат дека Филаделфија е можна дестинација, бидејќи Атланта го „таргетира“, Пол Џорџ. Други се убедени дека Богдановиќ би можел да ги засили Лејкерси и со Дончиќ да формира балкански тандем во составот на „езерџиите“.
Трети, пак, го поврзуваат со претходниот клуб на Дончиќ, бидејќи од Далас најавија дека „не го завршиле засилувањето на тимот со доведувањето на Ентони Дејвис од Лејкерси“.
Како и да е, преодниот рок во НБА трае до 6 февруари и многу брзо би можело да стане јасно.