Три лица загинаа во напад на автобус со Израелци на окупираниот Западен Брег

12

Според израелската спасувачка служба Маген Дејвид, во напад на автобус со Израелци на Западниот Брег, загинале најмалку три лица, а шест се ранети.

Нападот се случил во палестинското село Ал-Фундук, на еден од главните патишта исток-запад.

Се уште не е познат идентитетот на напаѓачите и убиените.

Израел го освои Западниот Брег во Шестдневната војна во 1967 година, а Палестинците сакаат тој да биде главен дел од нивната идна држава.

Околу три милиони Палестинци живеат на Западниот Брег под израелска воена управа, додека палестинската управа управува со урбаните области. Над 500.000 израелски доселеници живеат во бројни населби, кои меѓународната заедница ги смета за нелегални.

ИЗДВОЕНИ