Тројца цивили загинаа во напад на украинско беспилотно летало врз патнички автомобил во движење во селото Графовка во областа Краснојарск во Белгородската област во Русија, објави гувернерот Вјачеслав Гладков на својот канал Телеграм.
„Денес е уште еден трагичен ден за нашиот регион… Тројца цивили загинаа во вториот напад на украинските вооружени сили. На влезот во селото Графовка во Краснојарската територија, беспилотно летало удри во патнички автомобил во движење. Тројца мажи кои беа во автомобилот загинаа“, напиша тој.
Гувернерот изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, пренесе РИА Новости.
Округот Краснојарск во Белгородската област се граничи со украинската област Суми.
Гувернерот, исто така, извести дека во изминатите 24 часа, украинските воени сили истрелале повеќе од 50 гранати на територијата на регионот.
Како што наведе агенцијата, украинските вооружени сили секојдневно гранатираат руски погранични територии, изведуваат напади со беспилотни летала и вршат саботажа. Од 9 август 2024 година во регионот на Белгород е воведен „режим на контратерористичка операција“, а од 15 август во тој регион е прогласена вонредна состојба, пренесува Танјуг.