Вкупната вредност на извозот на стоки во периодот јануари – октомври 2024 година, изнесува 6,56 милијарди евра и бележи пад од 5,5 % во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во истиот период, изнесува 9,2 милијарди евра, што е за 0,5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит во истиот период изнесува 2,6 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз е 71,4 %.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

ИЗДВОЕНИ