Од 15 април ќе биде задолжителна објавата на цените на веб страниците на маркетите согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите кој деновиве треба да се објави во „Службен весник“. Со тоа, на големите, средните и малите трговци им е даден рок од 45 дена да се подготват и на своите веб-страници да ги објават сите цени на производите што ги имаат во продавниците.  

Од оваа обврска се изземени маалските дуќани, а во наредните десет дена ќе се објават и правилниците по кои ќе се работи. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека маркетите добија 45 дена за подготовка, граѓаните ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава еден ист производ

Од 15 април ќе биде задолжителна објавата на цените на веб страниците на маркетите согласно измените на Законот за заштита на потрошувачите кој деновиве треба да се објави во Службен весник. Со тоа, на големите, средните и малите трговци им е даден рок од 45 дена да се подготват и на своите веб-страници да ги објават сите цени на производите што ги имаат во продавниците.

Од оваа обврска се изземени маалските дуќани, а во наредните десет дена ќе се објават и правилниците по кои ќе се работи. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, изјави дека маркетите добија 45 дена за подготовка, граѓаните ќе знаат за секој производ во кој маркет по која цена се продава еден ист производ.

– Ваквата мерка ќе донесе до зголемување на конкурентноста помеѓу трговците, и намалување на цените на производите. Потрошувачите ќе бидат целосно информирани за тоа кој производ колку чини кај кој трговец. Со овие законски измени очекуваме поголема транспарентност на цените во маркетите, подобрена конкурентност и намалување на цените, а граѓаните сега ќе можат да одберат каде ќе ги трошат нивните пари – истакна Дурмиши.

Објавувањето на цените на веб-страниците на маркетите, за СДСМ не е никаква мерка.

– Тоа е евтин и смешен обид да се прикаже дека нешто се работи, додека граѓаните тонат во сиромаштија – велат од СДСМ.

Оваа законска измена следува откако минатата недела Владата по предлог на Министерството за економија и труд донесе одлука за ограничување на маржите на 102 групи на основни прехранбени производи и средства за хигиена и ограничување на цените на 8 групи на најосновни прехранбени производи. Овие мерки ќе траат заклучно со 30 април, односно ќе бидат опфатени и двата празника, Рамазан и Велигден.

Со одлуката за ограничување на бруто-профитната маржа во трговија на големо и мало на 102 групи на производи или над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи се опфатени: 5% бруто-профитна маржа на основите 8 прехранбени производи млеко, леб, брашно (тип 400 и тип 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко) 10% бруто профитна маржа на прехранбени производи каде опфаќа група од 55 прехранбени производи (месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервирани зеленчук и овошје, грав, ориз, тестенини) 15% бруто профитна маржа на 39 прехранбени производи и средства за хигиена свежо овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и друго.

Продолжува надзорот на Пазарниот инспекторат

Државниот пазарен инспекторат е на терен и инспекторите постапуваат по одлуката дали маркетите ги усогласиле своите цени на полиците. Министерот за економија, Бесар Дурмиши, рече дека до крајот на неделава е предвидено да се направи надзор на над илјада трговски објекти низ државата по што Државниот пазарен инспекторат ќе излезе со податоци за евентуално непочитување на истата од страна на одредени маркети.

– Казните се движат од 500 до 10.000 евра, па и до затворање на маркетите во траење од 15 дена. Очекувањата се дека цените ќе се намалат во просек околу 10%, со што ќе влијаеме на стабилизирање на инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните – изјави Дурмиши.

Дурмиши: Им верувам на КЗК дека откриле „картелско здружување“ на трговските ланци!

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, им верува на Комисијата за заштита на конкуренцијата дека постапува пред законите за нефер трговски практики.

– КЗК нека си ја тера работата, им верувам дека откриле „картелско здружување“ на трговските ланци  – рече Дурмиши.  

Тој ја поздрави одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата за евентуалната прекршочна постапка за четири големи ланци маркети, но и против една од поголемите комори во земјава. Тие беа осомничени дека склучиле договор за формирање цени, односно картелско здружување.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ