Многу луѓе консумираат алкохол за да се релаксираат и да го ослободат стресот. Алкохолот навидум го има насекаде во многу одморалишта, од барот покрај базенот, до закуската со шампањ, каде што се служи неограничено шампанско за појадок. Нов тренд во патувањата се таканаречените „трезни одмори“ при кои не се става акцент на пијалоците.
Кога станува збор за пиење на одмор, не е се во пиењето коктели на плажа. Алкохолот може да им помогне на луѓето да се справат со проблемите при патувањето, да го смират стравот од летање и да ја ублажат социјалната анксиозност.
Иако многу луѓе не се заинтересирани да се обидат, сè поголем број луѓе истражуваат „трезно патување“ поради причини поврзани со физичкото здравје, менталното здравје и продуктивноста на работата/живот.
Разговорите на социјалните мрежи околу теми како што се „патување на суво“, „трезно патување“ и „одмор без алкохол“ се исто така во пораст, со зголемување од 205% на X (поранешен Twitter), YouTube, Reddit и Tumblr во последните шест месеци во споредба со претходниот шестмесечен период, покажуваат податоците од Sprout Social.
Бројот на уникатни автори кои објавуваат за трендот на трезно патување се зголеми за 186%. Податоците, исто така, покажуваат дека разговорите на оваа тема го достигнале својот врв во јуни 2024 година, на почетокот на летната сезона на патувања, првенствено од корисниците на социјалните мрежи во САД, Обединетото Кралство, Канада, Јужна Африка и Австралија.
Каде да патувате трезно?
За оние кои сакаат да го намалат – или целосно да не го консумираат алкохолот на одмор, некои дестинации можат да ги олеснат напорите повеќе од другите, според новото рангирање на осигурителната агенција InsureMiTrip.
Рангирањето, сепак, не е список на земји каде што е забранета продажбата на алкохол – места како Брунеи, Саудиска Арабија и Иран. Наместо тоа, компанијата со седиште во САД ги оценуваше земјите според девет индикатори – од цената на домашното пиво до просечната потрошувачка на алкохол од страна на локалните жители. Истражувањето, исто така, разгледа и кои други активности патниците можат да ги користат за да го надополнат својот план за патување, особено оние поврзани со релаксација, како што се националните паркови и квалитетните велнес одморалишта.
Непал
Мароко
Костарика
Турција
Грција
Индонезија
Јордан
Италија
Сингапур
Индија
Шест од 10-те земји се во Азија, а Непал го зазема првото место бидејќи има многу планинарење, а велнес одморите се евтини, според InsureMiTrip.