Резултатите од студијата спроведена од холандската агенција за претприемништво (RVO), Здружението на возачи на електрични возила и Универзитетот во Гронинген покажаа дека една третина од возачите на електрични автомобили размислуваат да се вратат на возилата со внатрешно согорување штом ќе се укинат даночните поволности.
Речиси 60 отсто од 3.500 испитаници потврдиле дека имаат намера да престанат да користат електрични возила до 2030 година, кога целосно ќе се укинат даночните олеснувања, пренесува порталот NL Times.
На крајот на оваа година истекува даночното ослободување за возачите на електрични автомобили, како и попустите на дополнителните поволности, а електричниот автомобил тогаш ќе поскапи од слични возила со мотори со внатрешно согорување. Приватните корисници на електрични автомобили ќе плаќаат и повисоки такси за патишта со образложение дека нивните возила, поради вградените батерии, се значително потешки од класичните автомобили.
Декларираната амбиција на холандската влада е дека сите нови патнички автомобили продадени до 2030 година ќе бидат без емисија на штетни гасови, што ќе овозможи до 2050 година да се постигне нула емисии на штетни гасови од моторите на автомобилите.
Сепак, возачите на електрични автомобили се помалку веруваат дека холандската влада навистина сака да ги охрабри возачите да користат електрични возила, а резултатите од истражувањето покажаа дека само 29 отсто од возачите на електрични автомобили веруваат дека владата навистина сака Холанѓаните да возат електрични автомобили, пренесува Танјуг.
ИЗДВОЕНИ
Кога го прашав Палчо зошто ја уби само ги крена рамениците
Дарко Стојанов се врати дома по лекувањето во Србија: „Лузните на телото ќе останат, но нема да крварат и да болат, ќе крвари раната на душата до крајот на животот“
Истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се проширува, пет пациенти во критична состојба
ГНЕВОТ ПО УЖАСОТ ВО КОЧАНИ ГО ИЗНЕСУВА НАРОДОТ НА УЛИЦИТЕ: Граѓанските колони бараат правда, а не партиски неправди