Трет дел од акцијата „Заедно средуваме – заедно уредуваме“

101

Општина Битола организира акција за одлагање на кабастиот отпад и на градежниот шут. Како центар на Пелагонискиот Плански Регион, Општината ја спроведува оваа акција под мотото „Заедно средуваме – заедно уредуваме“ по препорака од Министерството за животна средина и просторно планирање, трет месец по ред.

Граѓаните ќе можат да го оставаат отпадот во терминот од 7:00 до 15:00 часот. Притоа, кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на стопанскиот двор на ЈКП „Комуналец“, на улицата „16.“, бб, додека градежниот шут ќе се одлага во кругот на стопанскиот двор на КЈП „Нискоградба“, на улицата „ 16.“ бб.

Општина Битола останува доследна во реализирањето на Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за справување со отпадот и за обезбедување услови за одложување и собирање на кабастиот отпад и на градежниот шут.

 

ИЗДВОЕНИ