Искусниот хрватски стручњак, Нико Ковач, и официјално беше претставен како нов тренер на германскиот гигант Борусија од Дортмунд. Во минатото, Ковач беше предводник на Волфсбург и на Баерн (М), а како што информираат германските медиуми Хрватот потпишал договор кој е со важност до 30.06.2026 година, а во тренерското столче ќе седне откако ќе биде одигран првенствениот дуел против Хајденхајм.