
Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека доколку калчо гигантот Милан ја прекине соработката со португалскиот стручњак, Серџио Консеисао, раководните лица ќе се обидат да ги осигураат услугите на актуелниот тренер на Наполи, Антонио Конте. Истите медиуми додаваат дека Португалецот ќе остане на „Сан Сиро“ само доколку Милан се пласира во Лигата на шампиони и го освои Купот на Италија.