Спортскиот свет остана шокиран кога дозна дека норвешкиот тим во скијачки скокови направил измама на неодамна завршеното Светско првенство во Трондхајм.
Во конкуренција на големата скокалница, Мариус Линвдик и Јохан Андре Форфанг беа дисквалификувани поради неправилности со комбинезонот. Тоа веднаш предизвика сомнеж кај остатокот од норвешкиот тим, а овој норвешкиот тренер Магнус Бервиг призна дека направиле измама, со што шокираше многумина.
- Тоа беше лошо од наша страна, признавам дека направивме измама во подготовката на комбинезонот за скок, изјави Бервиг.
Веднаш по ова признание, Норвежаните ги дисквалификуваа Бервиг и помошникот Андреас Ливелтен, кои се соочуваат со огромна парична казна.
Норвешката репрезентација до крајот на сезоната ќе ја предводи словенечкиот селектор Бине Норчиќ, кој работеше со оваа селекција во скијачки скокови и со тоа ќе го преземе „жешкиот компир“ во свои раце.
ФИС веднаш започна целосна истрага, а другите норвешки натпреварувачи на Светското првенство исто така ќе бидат анализирани и ќе се соочат со закана да им бидат одземени медалите.
- Ние ја сфаќаме оваа работа многу сериозно и гледаме дека има намерна манипулација со опремата што ги прекршува правилата на Меѓународната федерација за скијање и сноуборд (ФИС) со цел да се добие предност во натпреварувањето. Затоа сметаме дека истрагата што ја започна ФИС е оправдана, рече Стине Корсен, шеф на Комисијата за скијачки скокови на Норвешката скијачка асоцијација.
Норвежаните сега ја чекаат реакцијата од ФИС за да видат што ќе биде со освоените медали, што дополнително би го нарушило пласманот на СП. Во целата приказна најмногу корист би имале Словенците, но и Германците. Во случај да се докажат неправилности со останатите Норвежани, титулата светски првак на малата скокалница ќе му биде одземена на Мариус Линдвик и ќе му биде доделена на Андреас Велингер од Германија, Јан Хоерл од Австрија ќе го освои среброто, а Карл Гајгер од Германија ќе ја освои бронзата. Исто така, на Норвежаните им се заканува да им биде одземен и бронзениот медал во екипна конкуренција на големата скокалница за мажи, кој на крајот би отишол кај Германците.
Норвежанките би го загубиле и златото во мешан тим, кој на крајот ќе и припадне на Словенија, среброто ќе и припадне на Австрија, а бронзата ќе ѝ припадне на Германија.
Норвежанките се светски шампионки во женска екипна конкуренција, а симнувањето на медалот би значело дека Австријките се светски шампионки, Германките сребрени, а Словенките би ја освоиле бронзата бидејќи завршија на четвртото место во таа конкуренција, но дисквалификацијата на Норвежанките ја менува ситуацијата.
Норвежаните би ја изгубиле и бронзата на Ен Один Стрем на малата скокалница од Канаѓанката Александрија Лутит, како и бронзата на Мари Елрин Квандал на големата скокалница од Австријката Ева Пинкелниг.