Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски смета дека на комуналните претпријатија треба да им се помогне, но и тие, според него, треба да ја подобрат ефикасноста на работењето и да ги оптимизираат трошоците.
-Најголем дел од комуналните претпријатија согласно постојниот и новиот Закон за енергетика мора да купуваат електрична енергија на слободниот пазар. Дали ЕСМ ќе може да продава по 62 евра за мегават час треба да се процени како ќе влијае на ликвидноста на компанијата. Во изминатиот период голем број вододоводни претпријатија и од поголемите и од помалите општини, добија предлог цени од РКЕ и ние во нив ги признавме нивните реални трошоци за струја на слободниот пазар. Тие имаа две исклучително тешки години, 2021 и 2022 година, факт е дека имаат акумулирани загуби и треба да се најде начин да се помогне. Но, помошта треба да биде избрана соодветно за понатаму да не предвзикува проблеми во работата на ЕСМ и во цените не електрична енергија – вели Бислимоски.
Деведесет јавни комунални претприја преку Здружението за даватели на комунални услуги (АДКОМ) со дописи до Владата, РКЕ и Министерство за енергетика упатија барање за повластена цена на електричната енергија. Сметаат дека во интерес на нивната ликвидност и во интерес на граѓаните е да плаќаат струја по единствена цена за киловат час.