Трансфузија: Во болниците и клиниките нема недостиг на крв

35

Директорот на Центарот за Трансфузиона медицина, Амир Елези смирува и повикува да не се шири паника. Имаме доволно крв за сите крвни групи за потребите на сите болници и клиники во земјава, повтори директорот на Центарот за Трансфузиона медицина, Амир Елези.

Тој посочи дека на социјалните мрежи и натаму се споделуваат апели за дарување на крв за пациенти кои се сместени на Клиниките во Скопје, дека голем број на граѓани прашуваат па и доаѓаат да даруваат, но директорот е дециден во одговорот дека крв има од сите крвни групи.

– Се што се споделува е само некоја пропаганда, што не знаеме каква е позадината, а и не знам зошто се шири таква паника, затоа што имаме доволни количини, а плус тие кои што се тешко болни се лечат надвор од државата – вели Елези.

Посочува дека во моментов нема потреба да се оди групно да се дарува крв, бидејќи застарува и треба да се фрли.

ИЗДВОЕНИ