68 лица се повредени во судар на два трамваи во саботата во тунел недалеку од железничката станица во Стразбур, соопштија денеска градските власти.
Несреќата се случила вчера нешто пред 16:00 часот, објави порталот Судест.
Трамвајот, кој поради метеж на шините мораше да застане пред планираното застанување, од засега непозната причина се вратил наназад и се превртел по падината што води до станицата при што удрил во друг трамвај.
Dozens of people were injured when two trams collided in a tunnel near the main train station in Strasbourg in France.#Palestine #Peace #Gaza #Ceasefire #GazaStarving #SaveGaza pic.twitter.com/ALGsurHSz8
— Palestine International Broadcast (@PBI_PS) January 12, 2025