Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Белата куќа, но не може да се каже дека нашле заеднички јазик. По минатонеделната медиумска расправија, американскиот и украинскиот претседател се сретнаа лично во Белата куќа.
Трамп и Зеленски разговараа за завршување на војната во Украина, но не може да се каже дека нашле заеднички јазик.
Трамп го обвини Зеленски се „коцка со Трета светска војна“ и му рече дека треба да биде „благодарен“.
Зеленски рече дека не треба да има „компромиси“ со Путин, додека американскиот претседател рече дека Киев ќе мора да направи отстапки за да се постигне мировен договор со Русија.
Состанокот се одржа една недела откако Зеленски рече дека Трамп „живее во свет на дезинформации“ создаден од Русија.
Трамп го нарече Зеленски „диктатор“, истакнувајќи дека Украина нема одржано регуларни избори од почетокот на војната.