Трамп: Запомнете што реков, ова може да ескалира во Трета светска војна, не го сакаме ни тоа

939
Фото: PA-EFE/BONNIE CASH / POOL

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за изгледите за ставање крај на војната во Украина. Макрон е првиот европски лидер кој го посети Трамп, кој се врати на власт пред еден месец.

Во текот на утрото, тој заедно со Трамп учествуваше на видео-конференција со другите лидери на Г7 за Украина во Белата куќа. Францускиот претседател, на пат од Белата куќа до неговата гостинска резиденција, Блер Хаус, рече дека пречекот на Трамп бил „многу добар, многу пријателски“. „Имавме видео конференција во Овалната соба со Г7“, рече тој.

Двајцата лидери одржаа билатерални разговори, а потоа се појавија пред новинарите на заедничка прес-конференција.

„Мислам дека војната во Украина може да заврши наскоро, во рок од неколку недели, ако сме паметни“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Ако не сме паметни, тоа ќе продолжи…не го сакаме тоа“, вели тој, додавајќи: „Запомнете што реков, ова може да ескалира во Трета светска војна, ние не го сакаме ниту тоа“.

 

ИЗДВОЕНИ