Украинскиот претседател Володимир Зеленски земал пари од САД за време на мандатот на Џозеф Бајден „како да зема бонбони од бебе“ и веројатно не е благодарен за помошта, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
„Она што го направи – тој е паметен, тврд човек. Тој ги извади парите од оваа земја под Бајден како бонбони од бебе. Само мислам дека не е благодарен за она што му го дадовме, мислам, 350 милијарди долари“, изјави Трамп за Фокс њуз.
Трамп рече дека очекува САД и Украина да потпишат договор за ретки минерали и покрај неговата неодамнешна расправија со Зеленски во Белата куќа.
Ен-би-си, повикувајќи се на неименувани американски извори, објави дека Трамп ги информирал своите соработници дека потпишувањето на договорот за минерали меѓу Вашингтон и Киев нема да биде доволно за да продолжи да испраќа помош и разузнавачки информации за Украина.