
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан, јавува Ројтерс, повикувајќи се на добро информирани извори.
„Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан е првиот човек на кој му се изречени економски санкции и забрана за патување, на иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп“, се наведува во написот.
Засега не е познат комплетниот список на лица против кои се изречени санкции.
Санкциите вклучуваат замрзнување на имотот во САД и забрана за влез во земјата, а беа воведени како дел од одмазднички мерки против истрагите против американските граѓани или сојузниците на САД.
Трамп претходно потпиша извршна наредба за воведување санкции на МКС за нејзините активности против Вашингтон и неговите сојузници, како што е Израел.
Ова е, инаку, судијата што претходно поднесе барање за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лавова-Белова.
Судот ја обвинува Русија за наводна депортација на деца, кои руските власти всушност ги спасувале од украинските напади со тоа што ги изнесувале од борбената зона.
Русија не ја признава јурисдикцијата на МКС и какви било одлуки на судот за Москва се ништовни, пренесува Спутник.