Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека „војната меѓу Русија и Украина е војна на Бајден“, а не негова.
„Само што ја презедов функцијата. Во текот на четирите години од мојот прв мандат, немав проблем да го спречам тоа да се случи. Претседателот Путин, како и сите други, го почитуваа американскиот претседател. Немав никаква врска со оваа војна, но напорно работам за да ја запрам смртта и уништувањето“, објави Трамп на својата социјална мрежа Тruth Social.
Тој оцени и дека „таа страшна војна немаше да се случи“ доколку претседателските избори во САД во 2020 година, како што тврди, не беа „наместени“.