Трамп во Рим: „Дојдов од почит кон папата Франциск, без планирани средби на маргините

389

Претседателот на Соединетите Американски Држави допатува во Рим да присуствува на погребот на папата Франциск.

Трамп изјави дека доаѓа од „од почит“ кон папата, кој почина во понеделникот во 89-тата година од последица на мозочен удар.

Тој и неговата сопруга Меланија Трамп пристигнаа во Рим доцна синоќа, а денеска ќе присуствуваат мисата на задушницата во црквата „Свети Петар“ откако папата ќе биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“, пренесе „Ројтерс“.

Иако најави можни состаноци со светските лидери на маргините на настанот, Трамп во авионот рече дека состаноците во текот на погребот на папата би биле „непочитување“, но доаде дека „ќе се види со многу луѓе“.

На погребот се очекува присуство на повеќе од 50 светски лидери, вклучително со претставници  на Франција, Обединетото кралство, Шпанија, Унгарија и Аргентина.

Меѓу присустние е и украинскиот претседател Володимир Зеленски со сопругата Олена, додека рускиот претседател Владимир Путин не го најави своето присуство.

Трамп по пристигнувањето во Рим повика „на многу високи“ мировни преговори меѓу Русиј аи Украина, наведувајќи дека страните „ се многу блиску до договор“.

Средбата со поранешниот претседател Џо Бајден, кој исто така присуствува на погребот, Трамп ја оцени како нешто што „не е на списокот нја приоритети“, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ