Трамп: Верувам дека Освалд го убил Кенеди, но дали имал помош?

60

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Ли Харви Освалд го убил претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година, но се прашува дали атентаторот имал помош.

На прашањето дали верува дека Освалд го убил Џеј Ф. Кенедиm Трано во изјавата за Клех Тревис, основачот на спортскиот портал „Аутклик“, одговори потврдно, пренесе „Ројтерс“, јавува Танјуг.

„Да, и секогаш го мислев тоа, се разбира дека бил тој, но дали имал помош“, рече Трамп.

Американското правосудство со години го потврдуваше заклучокот дека Освалд дејствувал сам.

Американското Министерство за правда и другите федерални институции со години го потврдуваат заклучокот дека Освалд дејствувал сам. Но, анкетите покажуваат дека многу Американци сè уште веруваат дека Кенеди е убиен како дел од поширок заговор.

По налог на Трамп, владата оваа недела објави илјадници страници дигитализирани документи поврзани со атентатот на Кенеди.

Трамп вети поголема транспарентност во однос на околностите на смртта на Кенеди за време на изборната кампања минатата година. По преземањето на функцијата, тој исто така им нареди на своите помошници да подготват план за објавување на документи поврзани со атентатите во 1968 година на братот на Кенеди, Роберт Кенеди и лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Џуниор.

ИЗДВОЕНИ