Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе зборуваме за поделба на ресурси“

21

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека утре ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за можниот крај на тригодишната војна во Украина, по позитивниот исход од разговорите меѓу американските и руските претставници во Москва.

„Во вторник ќе разговарам со претседателот Путин. За време на викендот беше завршена многу работа. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме оваа војна. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека шансите се добри“, рече Трамп за време на летот од Флорида до Вашингтон.

Трамп ќе се обиде да добие поддршка од Путин за предложениот 30-дневен прекин на огнот што Украина го прифати минатата недела.

На прашањето кои отстапки би можеле да бидат предмет на разговорите со Путин, Трамп рече:

„Ќе зборуваме за територија. Ќе разговараме за електрани… веќе разговаравме детално за многу работи со двете страни, Украина и Русија. Веќе зборуваме за тоа, за поделбата на одредени ресурси (помеѓу Украина и Русија)“.

ИЗДВОЕНИ