Трамп уште еднаш предупреди: САД ќе воведат санкции за земјите од БРИКС доколку усвојат сопствена валута

176

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно предупреди дека земјите од БРИКС би можеле да се соочат со царини од САД доколку воспостават сопствена валута, нагласувајќи дека идејата за „поткопување на доларот сега е мртва“.

Трамп, исто така, рече дека планира да воведе царини за увезените автомобили околу 2 април, пренесува Ројтерс.

Администрацијата на Трамп денеска објави дека доделила дозвола за извоз на течен природен гас во терминалот на Комонвелтот ЛНГ во Луизијана, што е прво одобрение за извоз на тој ресурс откако поранешниот претседател Џозеф Бајден го паузираше на почетокот на минатата година, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ