Трамп уште еднаш ја повика ОПЕК да ја намали цената на нафтата за да се стави крај на војната во Украина

515
Фото: EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER
Американскиот претседател Доналд Трамп го повтори денеска повикот до Организацијат ана земји извознички на нафта – ОПЕК  да ги намалат цените на нафтата.

Трамп наведе дека тоа треба да се направи за да се осуети приливот на богатите финансии кои Русија го добива од продажбата на нафта, што, како што рече, би довело до крај на војната во Украина, пренсе Ројтерс.

Тој нагласи дека еден од начините тоа брзо да се прекине е ОПЕК да престане да заработува толку пари и да ја намали цената на нафтата“.

„Во тој случај таа војна веднаш би завршила“, рече Трамп, по слетувањето во Северна Каролина каде што пристигна да има увид во штетата од бурата.

Трамп и во четвртокот најави дека ќе бара од Саудиска Арабија и од ОПЕК да ја намалат цената на нафтата, како и дека од Ријад ќе бара да ги зголеми планираните инвестиции во САД на билион долари со почетните 600 милијарди долари, пренесува Танјуг.

„Во моментот цената на нафтата е доволно висока за таа војна да продолжи – морате да ја урнете цената на нафтата“, рече тој на Светскиот економски форум во Давос на кој што учествува преку видео линк, пренесе Ројтерс.

 

ИЗДВОЕНИ