Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина „може да заборави“ на изгледите за членство во НАТО како дел од идниот договор за решавање на конфликтот во Украина.
„Можам да кажам дека на НАТО може да заборави. Мислам дека тоа е веројатно она што ја започна оваа војна“, им рече тој на новинарите во Белата куќа на прашањето за идните отстапки што Украина ќе треба да ги направи.
Трамп вели дека очекува договор со Путин за Украина, но не е подготвен да гарантира дека тоа ќе се случи.