Трамп сподели бизарно видео како треба да изгледа Газа: Негови статуи, брадести танчери, Маск се расфрла со пари/ВИДЕО

54

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Social Truth објави видео во кое Газа е прикажана како луксузна ривиера.

Видеото создадено со помош на вештачка интелигенција и чиј автор е непознат, прикажува футуристичка крајбрежна зона со шеталишта, облакодери и прекрасни плажи.

Меѓу бизарните детали се стомачни танчери со брада, дете кое држи златен балон во облик на лицето на Трамп и џиновска златна статуа на Трамп.

Во видеото милијардерот Илон Маск ужива во храната.

Трамп танцува со оскудно облечена жена, додека на крајот од видеото се релаксира со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху покрај базенот на хотелот со знакот „Трамп Газа“, пренесува Кликс.

Ова следи по неодамнешната идеја на Трамп за преселување на Палестинците од Газа во соседните арапски земји за да се изврши масовна реконструкција на уништената земја.

Мотивот на постојана забава и пари се провлекува низ видеото откако прво е прикажан уништениот град. „Газа 2025, што е следно?“ е напишано на почетокот на видеото пред генерираниот од вештачка интелигенција Илон Маск да почне да фрла по луѓето со банкноти од американски долари.

Тука е и џиновската златна статуа на Доналд Трамп, поставена на средина на вештачки создадена Газа, но и американскиот претседател кој танцува со стомачна танчерка, а Илон Маск јаде. Во еден момент и Трамп и израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху се појавија во нивните костими за капење на лежалка со пива во рака пред хотелот.

ИЗДВОЕНИ