Трамп „спасителот“: Расипаниот Џо нѐ вовлече во вистински хаос, јас ќе нѐ извлечам!

398

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи го осуди својот претходник Џо Бајден, обвинувајќи го, меѓу другото, и за смртта на милиони луѓе.

„Расипаниот Џо Бајден нè внесе во вистински „хаос“ со Русија (и со сите други!), но јас ќе нѐ извлечам. Милиони луѓе загинаа без потреба, никогаш повеќе нема да ги видиме… И уште многу ќе умрат ако не го завршиме она што го започнавме и не потпишеме прекин на огнот и конечен договор со Русија.

„Не ќе дојдеше до војна да бев јас претседател. Тоа немаше да се случи, 100 проценти. Исто така, немаше да има 7 октомври во Израел, повлекувањето од Авганистан би било силно и гордо. Немаше да биде најсрамниот ден во историјата на нашата земја, можеше да биде момент на слава“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Се чека одговорот на Русија
Американскиот претседател тврди дека немало да има ниту голема инфлација.

„Наместо тоа, имавме рекордна инфлација која ја уништува земјата, каква што никогаш не сме виделе. Исто така, би имале непробојна граница, со многу малку илегалци кои влегуваат.

Соопштението доаѓа додека се чека конкретен одговорот од Русија дали ќе се согласи на 30-дневен прекин на огнот. Да потсетиме, на средбата со американските пратеници во Џеда, Саудиска Арабија, Украинците порачаа дека се подготвени да се согласат за крај на војната во Украина.

Трамп денеска изјави дека имал „многу добар и продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека „има многу добри шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши“.

ИЗДВОЕНИ