
Американскиот претседател Доналд Трамп нема да воведе санкции кон Русија по нападот на градот Суми, во кој загинаа 35 лица, а 117 беа повредени.
Трамп ја даде изјавата за време на состанокот со претседателот на Ел Салвадор, Наџиб Букеле.
На прашањето дали Русија ќе биде санкционирана за нападот, Трамп рече дека веќе вовел санкции за гасоводот Северен тек 2 и навидум го запрел.
„Ова беше голем гасовод што минува низ Европа. Го запрев. Ова е руски гасовод, веројатно најголемиот во светот, кој оди кон Германија. И јас го запрев“, рече Трамп.