Трамп шокиран од потегот на Путин: „Бомбардираат како луди“/ВИДЕО

486

Американскиот претседател Доналд Трамп, говорејќи за време на средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рече дека не е задоволен од засилените руски напади врз Украина.

„Не сум среќен поради бомбардирањето. Сега бомбардираат како луди. Не знам што се случува таму, не е добра ситуација. Значи, се среќаваме со Русија, се среќаваме со Украина и некако се приближуваме. Но, не сум задоволен од сите бомбардирања што се случија минатата недела. Страшна работа, рече Трамп од Овалната соба.

Неодамнешната ескалација на конфликтот вклучува смртоносен ракетен напад врз Криви Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на 4 април. Во нападот загинаа 20 лица, меѓу кои 9 деца.

ИЗДВОЕНИ