Претседателот на САД, Доналд Трамп се закани дека ќе ги тужи медиумите, новинарите и уредниците кои се повикуваат на „анонимни извори“.
Ќе гонам некои од овие автори и уредници на нечесни книги, па дури и медиуми, за да откријам дали овие „анонимни извори“ постојат или не, објави Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“ (Truth Social). Кој знае, можеби можеме да донесеме нов закон за тоа!“, додаде американскиот претседател.