Трамп се закани: „Америка мора да го има Гренланд. Ако Данска и Европа тоа не го разбираат, ќе мора да им го објасниме“

1411

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс пристигна на Гренланд во време кога претседателот Доналд Трамп продолжува да инсистира Вашингтон да ја преземе контролата врз оваа полуавтономна данска територија.

Џеј Ди Венс одржа говор во армиската база во Питуфик. Тој рече дека „многу Американци се прашуваат зошто Гренланд е толку важен“ и зошто е важна мисијата на американската база таму.

„Доколку беше истрелан проектил од непријателска земја кон САД, луѓето овде пред нас ќе ги известат нашите храбри мажи и жени на југ во САД за да знаат што доаѓа“, рече тој.

Додека Венс е на Гренланд, Трамп во Белата куќа рече дека Америка „мора да го има Гренланд“ за глобална безбедност.

„Ни треба Гренланд. Тоа е многу важно, за меѓународната безбедност, мора да го имаме Гренланд. Не е прашање, мислите дека можеме без него. Не можеме“, рече тој.

Трамп тврди дека контролата над Гренланд е мировно прашање „за целиот свет“, не само за Соединетите држави:

„Погледнете го тоа, имате воени бродови насекаде кои минуваат по Гренланд. Нема да дозволиме тоа да се случи.

Тој рече дека верува оти Данска и Европската Унија го разбираат неговиот став за важноста на територијата и предупреди:

„А ако не разберат, ќе мора да им објасниме“.

Трамп изјави и дека Русија и Кина се заинтересирани за арктичките премини.

„Мораме да се погрижиме Америка да води на Арктикот“.

Трамп ја критикуваше Данска и рече дека „околната област е помалку безбедна отколку пред околу 40 години, бидејќи сојузниците не го следеа чекорот“.

ИЗДВОЕНИ