Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум денеска по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека стапувањето во сила на американските царини за стоки од Мексико е одложено за еден месец, што го потврди и Белата куќа.
Шејнбаум, исто така, напиша на X дека мексиканските власти веднаш ќе ја зголемат заштитата на северната граница со САД, со 10.000 членови на Националната гарда, за да се спречи шверцот на дрога од Мексико во САД, првенствено фентанил.
„САД се посветени да работат на запирање на шверцот на помоќно оружје во Мексико“, рече Шејнбаум, додавајќи дека двете земји ќе продолжат со разговорите за безбедност и трговија.
Утре требаше да стапат на сила американските царини за стоки од Мексико.
Утре треба да започне имплементацијата на американските царини за стоки од Канада и Кина. Засега не е јасно дали овие царини се предвесник на поширока трговска војна, бидејќи Трамп вети дека ќе воведе нови увозни даноци.