Администрацијата на новостариот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека претставувањето на мировниот план за ставање крај на војната во Украина е одложено, пишува британски Телеграф. Како што дознава британскиот весник, се бара простор Европа да се најде на преговарачка маса.
Кит Келог, американскиот претставник за Украина и Руската Федерација, најави дека Америка ќе одржи индивидуални разговори со сојузниците во НАТО пред конечната верзија на планот за ставање крај на конфликтот во Источна Европа. Тој најави дека ќе одржи серија разговори со европските дипломати за да ги добие нивните мислења.
Планот треба да вклучува „континуирана воена помош за Киев“ во замена за пристап до украинските ретки метали. На ова бурно реагираше Русија, а планот требаше да му биде претставен на светот претстојниот викенд на Минхенската безбедносна конференција, но сега тој е одложен.