Трамп се надева дека војната се ближи до крајот, Макрон бара мир без капитулација на Украина

307
Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека се надева дека војната во Украина е при крај, по денешниот состанок со францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа во Вашингтон.

Францускиот претседател на заедничката прес-конференција со Трамп по разговорот предупреди дека мирот не може да значи „капитулација на Украина“. „Ние сакаме мир. Тој мир не може да значи капитуалција на Украина. Никој не сака да живее во свет каде што може да се наметне законот на посилниот“, рече Макрон.

„Многу ѝ се восхитуваме на храброста на украинскиот народ во борбите на таа земја против Русија“, додаде Макрон.

Тој рече дека примирјето меѓу Москва и Киев „нема да се одржи“ без безбедносни гаранции.

Францускиот претседател рече дека украинскиот сувренитет е „егзистенцијално прашање за стабилноста на Европа“.

„Како Европејци, ние сме посветени да учествуваме во овие безбедносни гаранции. „Многу сме свесни дека Европејците треба да направат повеќе за безбедноста во Европа, за одбраната во Европа и поправедно да го споделат безбедносниот товар што вашата земја го носеше толку многу години“, му рече Макрон на Трамп.

Тој додаде дека крајот на борбите во Украина, кои денеска ја одбележуваат својата трета годишнина, не може да биде „прекин на огнот без гаранции“.

Францускиот претседател рече дека украинскиот суверенитет е „егзистенцијално прашање за стабилноста во Европа“.

„Украина беше во можност да го држи фронтот на нашата колективна безбедност. „Последниве неколку години се бори за својата независност и суверенитет, но и за колективна безбедност“, рече тој.

Трамп тврдеше дека војната никогаш немаше да се случи доколку тој беше претседател и дека постигнал поголем напредок кон мирот во Украина „отколку што беше во последните три години“.

„Нашиот фокус е на постигнување прекин на огнот што е можно поскоро и на крајот на постигнување траен мир. Мојата средба со претседателот Макрон беше многу важен чекор напред“, рече Трамп.

Трамп рече дека е „задоволен што претседателот Макрон се согласува дека трошоците и товарот за обезбедување мир мора да ги сносат европските земји, а не само САД“.

„Исто така, верувам дека и даночните обврзници на САД заслужуваат да ги вратат огромните суми пари што ги испративме“, рече Трамп.

Трамп вети дека целосно ќе ја раскине политиката на демократскиот претседател Џо Бајден за Украина и рече дека разговорите меѓу Русија и неговата администрација „прилично брзо“ се движат кон мир.

Прес-конференцијата беше одржана по денешната средба на Трамп и Макрон во Белата куќа и претходно во текот на денот нивната заедничка видеоконференција со лидерите на Групата седум најнапредни либерални економии.

Макрон рече и дека разговарал со Трамп за „лојална конкуренција во трговијата“, односно за одвраќање на американскиот претседател да воведе нови царини за земјите од ЕУ.

„Сакаме искрено да се посветиме на фер конкуренција, да имаме слободна трговија и повеќе инвестиции“, рече Макрон.

Тој рече дека главната идеја е и САД и Европа да бидат просперитетни и додаде дека ќе има дополнителни разговори меѓу тимовите на двете земји за финализирање на идеите.

Трамп веќе планира да стави крај на ослободувањата од царините за челик и алуминиум воведени во 2018 година, но неговата администрација го проценува она што американскиот претседател го нарекува „реципрочни увозни царини“ кои би можеле да бидат воведени уште во април.

 

ИЗДВОЕНИ