Трамп сакал да ја откаже посетата на Зеленски, интервенирал Макрон?

554
EPA-EFE/BONNIE CASH

Односите меѓу Володимир Зеленски и Доналд Трамп се толку затегнати што француските медиуми пишуваат дека американскиот претседател наводно размислувал да ја откаже посетата на својот украински колега, за да биде разубеден од францускиот претседател Емануел Макрон, пишува Гардијан.

БФМТВ, повикувајќи се на дипломатски извори, објави дека тимот на Трамп во средата ја информирал Украина дека состанокот ќе биде откажан, што го натера Зеленски да се обрати до Макрон, кој интервенираше во негово име.

На крајот, поканата повторно се најде на маса, па денеска Зеленски допатува во Вашингтон, но дефинитивно до крајот на средбата атмосферата ќе биде тензична, бидејќи има многу потенцијални прашања кои можат да ги загрозат разговорите.

Во европските медиуми денеска има различни реакции за договорот за минерали што се очекува да го потпишат Трамп и Зеленски.

Германскиот магазин Der Spiegel, коментирајќи ја посетата на Стармер на Белата куќа, се пошегува дека секоја средба со Трамп има „потенцијал да предизвика тензии“, бидејќи набљудувачите „никогаш не знаат како ќе заврши“. „Дали ќе сака да припои, интегрира, купи нешто? Или само да го смени името?, стои во текстот.

ИЗДВОЕНИ