Трамп: Разговарав телефонски со Путин, рече дека сака луѓето да престанат да умираат

128
Фото: EPA/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, објави „Њујорк пост“ доцна во саботата, објави агенцијата Хина.

Во интервјуто за „Ерфорс уан“ во петокот, Трамп рече дека е „подобро да не се каже“, на прашањето колку пати двајцата лидери разговарале.

„Тој (Путин) сака луѓето да престанат да умираат“, изјави Трамп за „Њујорк пост“.

Кон крајот на јануари, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Путин е подготвен за телефонски разговор со Трамп и дека Москва чека порака од Вашингтон дека и тие се подготвени.

Во петокот, Трамп рече дека најверојатно ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски следнава недела за да разговараат за завршување на војната.

Војната што започна со целосна руска инвазија на Украина ќе ја одбележи својата трета годишнина на 24 февруари. Илјадници луѓе, огромното мнозинство од нив Украинци, беа убиени за време на конфликтот.

Трамп за „Њјујорк пост“ изјави дека „секогаш имал добри односи со Путин“ и дека има конкретен план за ставање крај на војната. Сепак, тој не откри повеќе детали.

„Се надевам дека ќе биде брзо“, рече Трамп. „Луѓето умираат секој ден. Оваа војна во Украина е толку лоша. Сакам да ја прекинам проклетата работа“.

ИЗДВОЕНИ