Трамп: Путин можеби не ни сака да ја запре војната, можеби само ме залажува

112
Доналд Трамп се огласи на својата социјална мрежа Трут соушал. Прво го нападна „Њујорк Тајмс“, но потоа го коментираше Путин и неговото однесување.
Еве што напиша:
„Независно каков договор ќе постигнам во врска со Русија и Украина, независно колку добар ќе биде, дури и да биде најдобриот договор постигнат некогаш, пропаднатиот „Њујорк тајмс“ за него ќе пишува лошо. Малиот Питер Бејкер, исклучително присутен и неталентиран новинар на „Тајмс“ ги послужа наредбите на својот уредник и напиша дека Украина треба да ја врати територијата, вклучително, претпоставувам, и Крим, како и други апсурдни барања, за да се запре убивањето кое е полошо од било што друго во Втората светска војна.
Зошто тој безначаен новинар не каже дека толку Обама ѝ овозможи на Русија да ѝ го украде Крим на Украина без испукан куршум? Исто така, малиот Митер Бејкер ја напиша и бесрамно ласкавата, но ужасно напишана биографија за Обама. Беше тао вистинска шега!
Дали Бејкер некогаш го критикуваше предавањето на Крим од страна на Обама? Не, никогаш – само Трам, а јас со оваа глупава војна немам ништо, освен што уште на самиот почеток на Украина ѝ дадов проектили јавелин, додека Обама им праќаше чаршави.
Оваа војна е војна на заспаниот Бајден, не моја. Беше осудена на пропаст од првиот ден и никогаш не требаше да се случи. Не би се случила да бев тогаш јас претседател.
Сега само се обидувам да го расчистам хаосот што ми го оставија Обама и Бајден – тоа каков хаос.

ИЗДВОЕНИ