ТРАМП ПОВТОРНО ЦЕЛ НА АТЕНТАТ: ФБИ објави детали за пукањето!

159
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Федералното истражно биро потврди дека поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп бил предмет на „очигледен обид за атентат“ во неговиот голф клуб во Флорида.

На прес-конференција, ФБИ објави дека локалната полиција уапсила лице за кое се верува дека се обидело да го ликвидира Трамп и дека истрагата е во тек.

Осомничениот според првичните информации се обидел да го протне своето оружје низ решетките на оградата на голф-теренот, но бил забележан од страна на припадник на Тајната служба, кој веднаш откако го забележал започнал да пука кон него како превентивна мерка. По кратката размена на оган, осомничениот според кажувањата на сведоци истрчал од грмушките во кои се криел и влегол во својот автомобил – црн „нисан“.

Полициските власти успеале да го погодат возилото по што ги алармирале своите колеги од областа Мартин каунти која се наоѓа северно од местото на нападот, по што припадници на локалната полиција успеала да го уапси лицето на автопатот кој ги поврзува двете области. Уапсеното лице не покажало никаква емоција при апсењето и не бил вооружен во моментот кога било уапсено.

Си-ен-ен објави дека напаѓачот не бил во непосредна близина на поранешниот претседател Доналд Трамп и оти веднаш откако се чуле првите пукотници тој бил спроведен на безбедна локација, од каде тој лично соопшти дека е неповреден и безбеден. Дополнително, според нивните информации осомничениот бил вооружен и го чекал Трамп да се приближи на еден од терените во негова близина.

Поранешниот претседател Доналд Трамп се огласи по инцидентот и рече дека е „безбеден и здрав“.

„Имаше пукање во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакав прво да го слушнете ова: Јас сум безбеден и добар. Ништо нема да ме забави. Никогаш нема да се предадам! Секогаш ќе ве сакам што ме поддржувате, додаде тој.

Белата куќа по инцидентот објави дека американскиот претседател Џозеф Бајден и потпретседателката Камала Харис биле информирани за безбедносниот инцидент на Трамповиот меѓународен терен за голф, каде поранешниот претседател играл голф.

„Им олесна кога дознаа дека е безбеден“. Нивниот тим редовно ќе ги информира за развојот на ситуацијата“, соопшти Белата куќа.

Тајната служба веднаш го одвела Трамп на безбедно, додека Њујоршката полиција неофицијално известува дека агентите отвориле оган кога забележале дека мажот држел нешто што изгледало како цевка од пиштол. Еден од агентите испукал повеќе истрели.

Според тврдењата на новинарот Шон Ханити, кој разговарал со поранешниот американски претседател по инцидентот, агентите веднаш го извлекле поранешниот американски претседател надвор од теренот.

Припадници на Тајната служба отвориле оган врз маж кој влегол на теренот за голф во Вест Палм Бич каде бил присутен поранешниот американски претседател Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми.

По пукањето кон Трамп, се огласи и Камала Харис.

„Информирана сум за извештаи за истрели во близина на поранешниот претседател Трамп на Флорида и мило ми е што тој е безбеден. На насилството нема место во Америка“, напиша Камала Харис на социјалната мрежа „Х“, поранешен Твитер.