ТРАМП ПОТВРДИ: Зеленски доаѓа во петок за да „потпишеме голем договор“

630
EPA-EFE/Mohammed Badra

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја посети Белата куќа во петок. Како што истакна, тој и Зеленски „ќе потпишат многу голем договор“.

Трамп, исто така, потврди дека работите одат многу добро со Русија и го пофали неговиот тим што направи „неверојатна работа“ на тој фронт.

Останува многу нејасно што всушност вклучува договорот за минерали, кој беше склучен под голем притисок од администрацијата на Трамп.

И украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврди средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во врска со билатералниот договор за минерали.

„Гаранции за мир и безбедност – ова е клучот за да се осигура дека Русија повеќе нема да ги уништува животите на другите народи“, рече Зеленски, додавајќи:

„Ќе се сретнам со претседателот Трамп. За мене и за сите нас во светот, клучно е американската помош да не биде прекината. Потребна е сила на патот кон мирот“, рече Зеленски.

ИЗДВОЕНИ